трансадријатик

Курс за пловидба на отворено море ТРАНСАДРИЈАТИК - навикнување на повеќедневно едрење - со едрење против несоница!
 
Секој крајбрежје ако меѓу него и брегот на спротивната страна постои море, „одгледува” едриличари кои сакаат да едрат до нивниот спротивен брег. Јадранското море е идеално за „одгледување” на такви едриличари, затоа што бреговите на Јадран меѓусебно се оддалечени само седумдесетина милји. Затоа, јадранското море е идеален полигон за вежбање на едрењето/пловидбата на отворено море. 
 
Цел на курсот: запознавање на едриличарите со организацијата на животот на бродот при повеќедневно едрење што подразбира прилагодување на животот и работата со другите луѓе (членови на посадата) на релативно мал простор со посебен осврт на предвидливите ситуации во кои толерантноста се намалува во сериозна мера; во услови на лошо време, возможна поспаност и особен напор.
 
Возраст: за сите полнолетни лица (што поседуваат уредна и важечка патна исправа  - пасош)
Предзнаење(а): завршен еден од двата напредни курсеви на А.N.А.
Опрема: спортска опрема за употреба на отворено море (off shore), едриличарско off shore) одело отпорно на вода и ветер, off shore едриличарски чизми, off shore едриличарски ракавици и капа, едриличарско ноже, батериска лампа
Време на одржување на курсевите: во текот на целата година
Акваторија(л) на едрење: Јадранско Море
Времетраење на курсот: 7 дена
Усовршување: Курсеви за едрење/пловење на отворено море (Јадран, Грција или Малта)
 
Распоред по денови:
Ден 1: подготовка за крстарење и доделување на поединечни работни задачи на посадата
Ден 2: пакување и складиштење на намирниците и испловување од базата во Језера
Ден 3 – 6: едрење со цел впловување во Римини, Виесте или Пескара
Ден 7: враќање во базата во Језера
 
 
Содржина на курсот Трансадријатик:
 
Теоретскиот дел опфаќа подготовка за крстарење во текот на првиот ден од престојот во базата во Језера, а се однесува на базичните обврзувачки работи до кои треба да се придржуваме за време на подготвувањето на бродот (обврзувачка опрема), потоа за време на напуштањето на територијалните води на Хрватска, впловувањето во терторијалните води на Италија, што подразбира и запознавање со меѓународните правила на поморскиот сообраќај.
 
Практичниот дел опфаќа запознавање со можните поделби на посадата во „гвардии” и избирање на нивните најповолни членови, планирање на доволни количини на намирници, планирање на рутата земајќи ги во предвид временските прилики и расположливите инструменти за навигација (сателитската навигација), проверка на индивидуалната и бродската опрема. Најчесто посетителите на курсот се распоредуваат во дневно/ноќни гвардии во траење од по четири часа, со тоа што една од ноќните гвардии се скратува за еден час за да се избегне непрекинатата изложеност на членовите на посадата во исти гвардии во односот на Сонцето.